Темната ДАМКА на сателитската снимка ги збунила научниците: Отишле да видат што има таму и останаа во ЧУДО

Експертите се уште се збунети од појавата на мистериозниот остров на Google Maps
Остров во јужниот дел на Пацификот кој можеше да се види на мапите на Google ги збунил дури и научниците кои истражувале што има таму. Останале изненадени кога не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“.

Чудниот појас на земјата, познат и како Сенди Остров, е непознат долги години. Се појавил меѓу Австралија и Нова Каледонија, а на Google Earth бил виден како темна точка различна од другите блиски острови.
Научниците не пронашле ништо друго освен сини морски бранови. Тие забележале дека длабочините на океанот таму се повеќе од 1.400 метри, па дошле до заклучок дека е невозможно да се сокрие нешто што е видливо под водата.
– Сакавме да го провериме бидејќи навигациските карти на бродот покажаа длабочина на вода од 1.400 метри во областа, која е многу длабока. Се наоѓа на „Google Earth“ и на други мапи, па отидовме да провериме и немаше острови. Навистина сме збунети, тоа е прилично бизарно – изјавила Марија Сетон од Универзитетот во Сиднеј.
На крајот на 2012. година, Google го отстрани од својата мапа таканаречениот Сенди остров. Корисниците на Google Earth велат дека се сеќаваат дека виделе нешто од сателитскиот приказ на морското дно, па затоа биле шокирани кога виделе мистериозен остров кој датира од времето кога британскиот истражувач капетан Џејмс Кук го нацртал „Сенди I“ на североисточниот брег на Австралија.


Фото: Google Maps

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …