TE DUA, ЖИМИ МЕНЕ СО НАГРАДА НА TIRANA EUROPEAN YOUTH FILM FESTIVAL

Македонскиот независен филм Te Dua, Жими Мене на затварањето на Tirana European Youth Film Festival 2023 се закити со престижната награда од публика. Филмот беше едногласно одбран како најдобар од 9 филмови во официјалната интернационална програма.

Tirana European Youth Film Festival е интернационален филмски фестивал кој се залага за афирмација и презентација на Европските филмови. Оваа година покрај Te Dua, Жими Мене во официјална селекција се најдоа и филмови од Шпанија, Полска, Италија, Косово, Франција, Финска и Албанија.


Te Dua, Жими Мене е комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов и својата долгоочекувана, домашна премиера ќе ја доживее на 22.09 во Синеплекс Скопје по што ќе се емитува на редовен репертоар.

Приказната следи квази фраер, коцкар и армоникаш кои трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови. Во филмот се појавуваат низа истакнати актерски имиња како Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Сенко Велинов, Мими Таневска, а главните ликови ги играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …