ТАЖНО – Почина 31 годишниот Христијан кој чекаше трансплантација на срце: Не издржа чекајќи на исполнување на ветувањата!

„На нас времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден“
Почина 31 годишниот Христијан Неделковски кој осум години живееше приклучен на батерии, со вградени две пумпи во срцето (БИВАД), интервенција која беше направена во болницата „Херцентрум“, во Берлин. Тој во средината на мај беше примен на одделот за интензивна нега во Државата кардиохирургија, откако пумпите алармите дека нешто се случува со неговото срце.
Христијан беше првиот пациент на кого му беа вградени пумпи во срцето пред осум години, а рокот на траење на овие пумпи е пет години.
Веста дека починал младиот Христијан ја соопштија од Националното здружение на пациенти со МП на срцето „Храбро срце“.


„Христијан почина, премногу изгубени години на макотрпно чекање и исполниување на ‘ветувањата’ од институциите. Толку вреди еден живот кај нас, за жал, што дури 8. години ниту еден од надлежните не се потруди да помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја“, напишаа од „Храбро срце“, на својата фејсбук страница.

Христијан живееше приклучен на батерии со придружна опрема тешка 7-8 килограми и од која е невозможно да се одвои. Тој бараше помош од државата, да се најде срце бидејќи вештачкото срце или пупмите кои се вградуваат во развиените земји се само преодна фаза додека се најде срце и направи трансплантација. Двајца пациенти со вградени со вградени две пумпи и еден со вештачко срце починаа во последните неколку месеци, останаа уште двајца со по две пумпи во срцето.


„На нас времето на живот ни е ограничено. Ако немаме поддршка од ФЗО и од Министерството за здравство добрата приказна, ќе стане лоша приказна. Ќе си заминеме еден по еден“, вели Даниел Тодоровски.


Во моментот во државата има над дваесттина пациенти кои имаат потреба од трансплантација на срце, десеттина од нив немаат никаква механичка поддршка, а останатите имаат вградени пумпи и или механичко срце.

На 22. мај беше извршена првата трансплантација на срце од починат донор, од Емилија Динева која беше во состојба на мозочна смрт по сообраќајна несреќа, а срце доби 54. годишниот Иван Огњановски кој се уште закрепнува во Државната кардиохирургија. Со оглед на тоа што државата не е членка на Еуротрансплант и по успешно извршената трансплантација од македонските лекари, пациентите кои имаат потреба од трансплантација на срце, единствевниот спас го гледаат тука, во земјава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …