Тажна вест за обожавателите: Новата сезона на „Игри на престолите” ќе се снима до лето, првата епизода во 2019 година

Иако новата сезона на мегапопуларната серија „Игри на престолите” ќе има најмалку епизоди досега, продуцентите имаат полни раце работа како и во претходните сезони.
Како што откриваат актерите, осмата сезона ќе се снима до идното лето, а емитувањето на првите епизоди ќе започне во 2019 година. Лијам Канингам, кој го глуми сер Давос во серијата, изјавил за “TV Guide” дека новите епизоди дефинитивно ќе бидат подолги и потензични.

“Ќе снимаме до лето. Десетте епизоди од минатата сезона ги снимавме шест месеци, а сега ќе нѝ треба многу повеќе време за шест епизоди, што значи дека е очигледно дека ќе имаме долги епизоди”, изјавил Канингам.
Снимањето на осмата сезона на “„Игри на престолите”” ќе започне овој месец. Продуцентите Дејвид Бениоф и Ден Вајс претходно зборувале дека планираат да поминат година и пол, снимајќи ја финалната сезона на серијата. Како што се шпекулира, веројатно љубителите на борбата за престолот ќе мораат да чекаат до 2019 година за новата сезона.


“Мислам дека ќе треба многу повеќе време за снимање на финалната сезона, бидејќи сите ќе бидеме во речиси исти сцени. Сите почнуваме да заземаме иста територија, сите почнуваме да бидеме дел од истата приказна, така што продуцентите и снимателите нема да можат да имаат повеќе снимателски групи”, изјавил Ијаин Глен, кој во серијата се појавува во улога на сер Џора Мормонт.
Исто така, во интервју за “Entertainment Weekly”, уредникот на HBO – Кејси Блоус наговестил дека осмата сезона на „Игри на престолите” нема да биде емитувана пред 2019 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …