Среќен роденден Драган Спасов – Дац !!!

Драган Спасов-Дац е роден на 20 април 1963 година во Скопје. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Роден е во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на проф. Слободан Унковски. Од 1992 до 2016 година работел како глумец во Драмски театар – Скопје. До сега има остварено бројни и значајни улоги во театарски претстави, филмски и телевизиски проекти. Во 2016 година преминал во ансамблот на Македонскиот народен театар како директор. Во 2018 година повторно се враќа во Драмски театар – Скопје.


Театрографија: Шприцер (Грев или шрпицер), Кандид (Кинегонда во Карлаленд, 2011), (Облачна исповед), Амадеус (Амадеус), Четвртиот граѓанин (Смртта на Дантон), (Ало будење), (Не сега драга), (Чернодрински се враќа дома), Џанго (Грев или шприцер), Фердинанд (Бура), Тома Диафарус (Вообразен болен), Кловн (Кловнови), Кларин (Животот е сон), Фиљан Кишија Харем, Зганарел (Дон Жуан), Мирко (Маратонците го трчаат почесниот круг), Розенкранц (Розенкранц и Гилденстерн се мртви), Хлестаков (Ревизор), Бруно (Умри машки), Тимчо (Ни ќар ни зијан), Фигаро (Свадбата на Фигаро), Платонов (Платонов), Ферхад (Ферхад и Ширин), Кандид (Кандид во земјата на чудата), Симон (Диво месо), Македон змеј – Маседоан (Одисеја), (Кутрите мали хрчки), (Мачка на вжештен лимен покрив), Ангеле (Лет во место), Дони (Поручникот од Инишимор), Љубац Купидона, Судијата Тасе (Демонот од Дебармаало), Џука (Комшилук наопаку), Mr. White (Касапски кучиња).

Претстави во други театри: Денови на нашиот живот, Рекламна бајка, Подземна република, Ништо без Трифолио, Женидба, Оркестар Титаник, Кралот Кускуле, Силјан Штркот, Циркус Катастрофа, Окото на мајка, Спиро Пирчев Царо, Стјуардеси, позитивно мислење, Чија си.


ТВ серии: Бушава азбука, Македонија може, Салон Хармони, Обични луѓе

ТВ Драми: За трошка среќа, Североисточно од југозапад, Време за плачење


Радио емисии: Бамбини, Времеплов, Елита, Хихирику

Филмски улоги: Трето доба, Ѕвездите на 42 и Крик на немиот индијанец, До Балчак.

Добитник е на бројни награди и признанија:

  • 1993 – Награда за најдобро актерско остварување на МТФ “Војдан Чернодрински” – Прилеп за улогата на “Тони Џанго” во претставата “Грев или шприцер”
  • 1994 – Награда од уметничкиот совет на ДТС која гласи: Награда за најдобар актер на Драмски театар – Скопје во 1994 година
  • 1995 – Награда за најдобро актерско остварување на МТФ “Војдан Чернодрински” – Прилеп за улогата на Розенкранц во “Розенкрец и Гилденстерн се мртви”
  • 1996 – Награда “Димче Трајковски” за улогата на “Тимчо” во “Ни ќар – ни зијан на МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп
  • 1996 – “Златна маска” од весникот “Вечер” за улогата на “Моцарт” во “Амадеус” на фестивалот “Охридско лето”
  • 1996 – Награда 13-ти ноември
  • 2001 – Награда за најдобро актерско остварување на МТФ “Војдан Чернодрински” – Прилеп за улогата на “Симон” во претставата “Диво месо”
  • 2013 – Златна бубамара на популарноста за актер на годината
  • 2013 – награда „Петре Прличко“
  • 2022 – Награда св. “Јоаким Осоговски”

Среќен роденден Дац! Редакцијата на Екран ти посакува многу здравје и уште многу успеси во понатамошната кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …