Солени стапчиња со готови кори


Состојки
500гр. кори за пита
Фил
2 јајца
150 мл. масло
1 пециво
2 кисели павлаки од 180грама
2 лажици пченкарно брашно
1 филџан(120)мл. топла вода
300гр. сирење
малку сусам
прашок за печиво
Подготовка:започнуваме со подготовка на филот за премачкување.Во сад за матење ги кршиме јајцата,матиме, го додаваме маслото,печивото, павлаката,пченкарното брашно и топлата вода повторно промешуваме.
Корите ги сечеме на половина,за подготовка на една баничка ни се потребни две кори кои предходно ги премачкуваме со четкичка од филот. На крајот ставаме сирење и виткаме ролат така што краевите ги превртуваме и виткаме.Вака подготвените кори ги ставаме во подмачкан плех премачкуваме со филот и посолуваме со сусам.
Печеме на 200 степени околу половина час.
Добар апетит!!!
Совет:Доколку користите по несолено сирење тогаш во додадете во филот малку сол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Многу луѓе ги пијат овие пијалоци секој ден, а тие можат да го зголемат ризикот од инсулинска резистенција

Инсулинската резистенција станува сè почест здравствен проблем низ целиот свет. Тоа е состојба каде што …