Софија Лорен денес слави роденден

Софија Лорен е родена на 20 септември 1934 година, во Рим. Нејзиниот татко бил инженер, а нејзината мајка учителка по пијано. Израснала во сиромашни услови, во градот Поцуоли, близу до Неапол. На 15 години, таа заминала во Рим за да бара филмска улога, а со платата како модел за илустрирање романтични приказни го издржувала нејзиното семејство. Пред да го роди своето прво дете, Софија имала два спонтани абортус, но подоцна, по сите компликации успеала да роди две деца во бракот со Карло Понти. Со него останала во брак до неговата смрт во 2007 година. Во една прилика, на прашањето, дали повторно би се омажила, таа одговорила: „Не, никогаш повеќе. Би било невозможно да сакам друг човек“.

Последниот филм во кој глумела Лорен (тогаш, на возраст од 80 години) бил филмот „Девет“ од 2009 година.


Освен „Оскар“, Софија Лорен освоила и пет награди „Златен глобус“, четири пати за најпопуларна женска ѕвезда, а еднаш за животно дело во областа на филмот.

Во 1995 година, списанието „Емпајер“ ја нарекол најпривлечна ѕвезда во филмската историја.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …