Скопје блесна со DIAMOND Dance Competition 2024!

Изминатиот викенд 06 и 07 април, Скопје танцуваше во ритамот на латино и стандардните танци, хип-хоп, класичен балет, модерен балет, акробатски танц шоуа, хип – хоп, инклузивен и пара танц, диско и уличен танц.

Нашата голема посветеност, труд и енергија кои ги вложивме изминатиот период ни донесоа големи резултати и високи оценки од светската танцова федерација.


Поставивме високи стандарди! 600 кореографии, 1500 танчери за два дена на Diamond Dance Competition во Скопје!

Искуството нѐ мотивираше, желбата да ја претставиме Македонија во најдобро светло нѐ охрабри да го организираме Diamond на највиско ниво! Успеавме во тоа. Среќни сме што Македонија успеа да влезе во високи, светски, уметнички, танцови кругови.


Презадоволни учесници, тренери, судии, гледачи. Посебно емотивни моменти двата дена на Diamond беа настапите на инклузивните групи од танцовите студија на Dancers United и Eureka кои како и секаде така и во срцето на Скопје беа наградени со големи аплаузи, поддршка, подароци и уште еднаш покажаа и докажаа дека танцот нѐ прави да бидеме посилни, посплотени и посреќни.

Со голема радост го очекуваме следниот натпревар на Diamond, да го славиме танцот во неговите многубројни форми и категории.


Натпреварот беше поддржан од Светската танцова уметничка федерација, Националниот танцов сојуз, Халк Банк, Пивара Скопје и Ананас.

Dancers United Ви благодари на сите кои го поддржувате танцот, инклузивноста, уметноста, креативноста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …