Синоќа во Битола се оддржа првото издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“

Вчера вечер успешно се реализираше првото официјално издание на фестивалот на староградска музика „ Ех, таа серенада ” во Битола. И покрај неочекуваното невреме и промената на локацијата, околу илјада посетители стрпливо чекаа и ја преполнија големата концерна сала на Центарот за култура. Организаторите поддржани до своите колеги од НУ Центар за култура покажаа високо ниво на професионалност и фестивалот започна точно во 21.15 ч. со беспрекорна динамика. Ако го мериме успехот на еден настан според насмевката на лицата и искреноста на аплаузот на публиката, тогаш можеме да биде задоволни.

Првото официјално издание на фестивалот на староградска музика „ Ех, таа серенада” ги надмина очекувањата и ги освои срцата на публиката и музичката јавност. Шеснаесет композиции и уште толку изведувачи со беспрекорната поддшка од Камерниот оркестар на Битола, под раководство на диригентот Владимир Димовски, испорача перфектно музичко сценско доживување.


Комплименти за авторите, композиторите, текстописците и аранжерите, кои благодарение на харизматичните изведувачи создадоа френетичен амбиент во која секоја наредна песна беше ново музичко патување. На сцената видовме дојаени на македонската народна музика и познати изведувачи, но и нови лица. Ги проследивме настапите на Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Перо Христов, Сефедин Бајрамов, Билјана Дамјановска Јанчевска, Група Боеми, Катерина Таневска, Мишко Крстевски, Христијан Тоневски, Софија Кочевска, Трио Џентлемен, Елена Ѓоргиева, Николче Зацески, Раде Стаматов, Драган Мијалковски, Игор Илиевски, кои покажаа дека на македонска музичка сцена и се потребни сериозни фестивали, нова продукција и професионални организатори. Фестивалска вечер помина беспрекорно пријатно и благодарение на искусниот водителски пар, актерите Јулијана Мавровска и Васко Мавровски кои ја најавуваа програмата и композициите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …