Симптоми кои се поврзуваат со новиот сој на коронавирусот

Од неговото појавување, новиот вид на коронавирус предизвика голема загриженост во Англија, а научниците и медицинските истражувачи континуирано работат на утврдување на изворот на новата варијанта.
Новиот вид на коронавирус наречен „VUI 202012/01“ вклучува генетска мутација на протеинот „spike“ што може да предизвика брзо ширење.
Покрај трите најчести симптоми на ковид -19 – треска, сува кашлица и губење на чувство за мирис и вкус, идентификувани се седум други симптоми кои можат да бидат поврзани со новиот вид на коронавирус, имено: замор, губење на апетит, главоболка, дијареја, осип, ментална конфузија и болки во мускулите.
„Ако развиете какви било симптоми што можат да укажат на ковид-19, и вие и членовите на вашето семејство треба да се изолирате и да бидете тестирани што е можно побрзо“, вели истражувач од Кинг колеџот, пишува „Times of India“.
Поради новиот вид на коронавирус, Велика Британија воведе нови ограничувања за спречување на ширењето на вирусот, а некои европски земји ги затворија своите граници со Велика Британија.
Но, за да се заштитите, треба да се придржувате до пропишаните мерки, како што се носење маска, одржување на физичко растојание и редовно миење на рацете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најголемото велигденско јајце во Македонија

Во село Мокрино, вгнездено во Струмица, Велигден носи посебна традиција. Годинава во центарот на вниманието …