Ејми ШУМЕР се отвори за нејзината битка со трихотиломанија, пореметување кое ги тера болните сами да си ја кубат косата. Говорејќи за „The New Yorker“, 41-годишната американска актерка, која има ќелава точка на врвот на главата, се отворила за своето искуство. Зборувајќи за нејзиното опаѓање на косата, Шумер се пошегувала „јармулке би ја покрила“, мислејќи на шапката без обод што традиционално ја носат Евреите.
Чувството на срам и ниска самодоверба се чести кај луѓето со трихотиломанија, што често ги наведува болните да ја задржат својата состојба само за себе, а не се разликува ниту американската филмска ѕвезда. „Луѓето тешко прифаќаат некој близок да си ја кубекосата… Знаете, тука има ќелави места на главата…“, вели таа. „Тоа е како нешто што имаат чудовишта и гоблини на главите“, додала таа.
Шумер се грижи дека нејзиниот син Џин еден ден може да го развие ова нарушување. „Секогаш кога ќе ме допре по главата, имам срцев удар“, се потсмевала Шумер.
Луѓето кои страдаат од трихотиломанија вадат влакна од скалпот или други места, како што се веѓите, трепките, гениталниот дел, брадата или мустаќите. Кубењето коса може да биде еден вид зависност за некои луѓе. Според NHS, луѓето со трихотиломанија чувствуваат интензивен нагон да ја кубат косата и доживуваат зголемена напнатост додека не го направат тоа. Имено, самиот чин на кубење на косата кај нив предизвикува неверојатно чувство на олеснување.
На здравствените работници сè уште не им е јасно што го предизвикува нарушувањето, иако хемиските нерамнотежи во мозокот слични на опсесивно компулсивно нарушување (OCD), промените во нивото на хормоните за време на пубертетот и реакциите на стрес или анксиозност се верува дека се потенцијални предизвикувачи.
Здравствената служба ги советува оние кои си кубат коса или родителите кои забележале такво однесување кај своето дете да се обратат кај општ лекар.