Шарлиз Терон ја открива тајната на својата совршена линија:„Целото тело потполно ми се промени“

Актерката Шарлиз Терон (45) ја одржува својата одлична линија со пилатес, а меѓу омилените козметички ритуали истакнува дека користи серуми, креми за очи и формули со висок процент на хидратација.
„Никогаш не сум бил тип на личност што лежи со часови на каучот“, признала Шарлиз во едно од интервјуата, додавајќи дека се движи секој ден, а кога станува збор за вежбање, главно се занимава со пилатес.
„Овој начин на вежбање тотално го смени моето тело“, додала актерката.
Таа ги издвојува оние едноставни, клучни ритуали од рецептите за убавина и споменува колку е важно за неа да се држи до добрите рутини секој ден.


„Крем за очи, навлажнувачки крем за лице и серуми се моите адути“, рекла Шарлиз, пренесува „Мари Клер“.
Таа не излегува од дома без крем со заштитен фактор на целото лице и користи лесни течности, за да нема бели траги.
“Кремите со заштитен фактор навистина ми помагаат. Немам ниту хиперпигментација, ниту црвенило”, истакнала 45-годишната актерка.
Таа користи пилинг за детоксикација дури секоја трета недела и тоа за длабоко чистење на порите


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …