Сепак ќе има тестирање на патници во Грција, но не на сите!

Македонските туристи кои планираат да ја посетат Грција ова лето, нема да бидат обврзани да тестираат за ковид 19 пред патувањето.
Македонските туристи кои планираат да ја посетат Грција ова лето нема да бидат обврзани да бидат тестирани за ковид 19 пред патувањето, но може да бидат случајно тестирани на аеродромот или при преминување на границата. Ова ќе зависи само од проценката на грчката полиција на границата.


Ова го изјави грчкиот министер за туризам, Харис Теокарис, за билтенот на грчката амбасада,во кој b92.net имал увид .
Теокарис рече дека годинава се очекува да пристигнат туристи од Германија, Бугарија и други балкански земји. Тој рече дека туристите кои пристигнуваат во Грција по пристигнувањето нема да бидат обврзани да поминат тест на короната, но ќе се спроведе случаен тест“.



Како што понатаму се наведува ANA MPA Daily News Bulletin,, повеќето хотели, заедно со камповите, ќе бидат отворени од 1. јуни.
„Летната сезона за хотелите започнува на 15. јуни“, рече грчкиот министер за туризам во средата за време на брифингот за третата фаза на владините мерки во врска со коронавирусот.
Говорејќи на заедничката прес-конференција со министрите за финансии, Теокарис рече дека ограничувањата за патувања со јахти или изнајмување ќе бидат укинати на 25. мај. Ограничувањата за влезните летови исто така ќе бидат укинати. Како што истакна тој, од 15. јуни, меѓународниот аеродром во Атина „Венизелос“ ќе прифати летови од земји кои имаат „добри епидемиолошки критериуми“.


Од 1. јули ќе му биде дозволено слетување на кој било меѓународен аеродром во Грција. Во моментов, слетувањето од странство е дозволено само на „Венизелос“, каде сите посетители се тестираат за короната.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …