Сеќавање: На денешен ден се збогувавме со еден од најголемите македонски сликари Лазар Личеноски

Лазар Личеноски е роден во Галичник на 26 март 1901 година. Тој беше македонски експресионистички сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот предел, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици.

Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 г. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Високата школа за уметности и занаети (École nationale supérieure d’arts et métiers), ги посетувал ателјето на Андре Лот и академијата „Гран Шомје“ (Académie de la Grande Chaumière) од 1927 до 1929 година.


Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група „Облик“. Самостојно изложувал пред и по војната (за првпат во 1927) во Скопје, Белград, Загреб, а учествувал (од 1927) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и други места.

Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година. Во февруари 2015 година, куќата на Личеноски, која се наоѓа во подножјето на Скопското кале, станала државна сопственост. Притоа, било предвидено куќата да биде претворена во Музеј на Личеноски, раководен од Националната галерија на Македонија.


Меѓу позначајните дела на Личеноски се вбројуваат:

  • „Бачила“,
  • „Долап“,
  • „Афионски полиња“,
  • „Охридски рибари“ и други.

Починал во Скопје на 10 април 1964 година.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …