Сеќавање: 81 година од раѓањето на Кирил Ценевски – еден од најголемите македонски филмски режисери и сценаристи

Кирил Ценевски е роден во Крива Паланка на 28 јануари 1943 година. Тој беше истакнат македонски филмски режисер и сценарист.

Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимавал уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално бил ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970).


Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за којшто добива повеќе награди: „Златна арена“ за режија на фестивалот во Пула, „Златен венец“ за најуспешно деби, „11 Октомври“ и други.

По филмот „Јазол“, Ценевски не застанал зад камерата повеќе од три децении, неснимајќи ни еден игран филм. Го нарекувале бунтовникот на македонската кинематографија, човекот кој поместил многу граници во филмската уметност и ги надминал современиците.


Кирил Ценевски по многу параметри е единствена појава во македонската кинематографија. Уште со првиот филм, „Црно семе“, ги освоил не само најбитните награди на фестивалите во тогашна Југославија, туку бил и прв македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на интернационални филмски фестивали.

Од неговата богата филмографија, издвојуваме:


1970: Цената на градот (помошник на режија)
1971: Црно семе (режија, сценарио)
1975: Јад (режија, сценарио)
1975: Леополд Седар Сенгор (режија)
1976: Еугенио Монтале (режија, сценарио)
1976: Фазил Хисни Дагларџа (режија)
1978: Џафра (режија)
1979: Ежен Гилвик (режија)
1979: Рафаел Алберти (режија)
1980: Оловна бригада (режија, сценарио)
1982: Мостови – Струшки вечери на поезијата (режија)
1984: Уаскаран – Анди ’82 (режија, сценарио)
1985: Јазол (режија)

Награди и признанија:

1971 ФЈИФ Пула, Златна арена за режија / „Црно семе“ 1971 ФЈИФ Пула,
Златен венец за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1971 МФФ Москва,
Награда „Жар птица“ за најдобар режисер дебитант / „Црно семе“ 1972 МФФ Авелино,
Награда Laceno D’Oro за режија / „Црно семе“
1972 Југословенски кандидат за Филмска награда на академијата на САД 72 / „Црно семе“
1972 Награда „11 Октомври“ за „Црно семе“
1976 МФФ Карлови Вари, Специјална награда за филмот / „Јад“
1980 ФЈИФ Пула, Награда „Првомајска“ за филм со современа тематика / „Оловна бригада“
1980 Награда на филмот од рударите во Раша / „Оловна бригада“ 1980
Сребрен медал на CIDALC / „Оловна бригада“…
Режисерот и сценарист Кирил Ценевски е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2013 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Истата година бил првиот добитник и на наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, награда што ја воспостави Друштво на филмски работници на Македонија ја доделува на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Починал во Скопје на 17 јуни 2019 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …