Сеќавање: 6 години без нашата позната спикерка и пејачка Љупка Апостолова

Љупка Апостолова е родена во Гостивар на 10 јуни 1932 година. Таа беше македонски изведувач на забавни мелодии и водителка.

Потекнува од музичко семејство. Апсолвирала на Медицинскиот факултет, а дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Станала вокален солист на Ритмичкиот секстет во 1953 година, кој професионално ги постави основите на македонската забавна музика. Со Секстетот двапати неделно настапувала во живо на јавни настапи и во Концертното студио на Радио Скопје.


Снимила голем број магнетофонски записи со забавни мелодии. Професионалната спикерска кариера ја започнала во 1960 година. До пензионирањето работела и како педагог со младите спикери.

Починала во Скопје на 26 јануари 2018 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …