Сеќавање: 11 години без нашиот актер Бранко Ѓорчев

Бранко Ѓорчев е роден во Неготино на 23 јуни 1962 година. Тој беше македонски театарски и филмски глумец. Бил директор на Драмски театар – Скопје во периодот од 2006 до 2013 година.

Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски. Од 1987 година работи како глумец во Драмски театар Скопје.


Извршувал голем број на општествени функции:

-Директор на Драмски театар од 2006,
-2000 – 2002, Уметнички директор на Драмски театар, Скопје, Р Македонија
-2000 до 2002, Основач на Културен центар Квартет, Скопје,
-1997, Основач и директор на театар Бабилон, Скопје
-1997, Член на Советот на Македонскиот театарски фестивал ” Војдан Чернодрински”- Прилеп,
-Член на Совет на Млад Отворен Театар, Скопје,
-Член на уметнички совет на Драмски театар, Скопје, Р Македонија,
-Член на театарски совет на Драмски театар Скопје, Р Македонија,
-Почесен член на клубот на оратори при Правен факултет ”Јустинијан Втори” при Универзитетот “Кирил и Методиј”, Скопје , Р Македонија.
-Демонстратор и предавач на Правен факултет по реторика и ораторство во рамките на предметот Римско право, кај професор Мими Поленак, Правен факултет “Јустинијан Втори”, Универзитет ” Кирил и Методиј”, Скопје.


Добитник е на следните награди:

-„Златна маска“ за најдобро глумечко остварување на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Мефисто во претставата „Мефисто“, Вечер, 2000;
-Наградата за најдобар глумец за 1990 во Македонија, за улогата на Фред во претставата „Спасени“, ревија „Екран“ 1990.
-Награда за епизодна машка улога „Димче Трајковски” 2009
-„Св.Климент Охридски“ за 2012 година за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.


Починал по тешка борба со ракот на 24 февруари 2013 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …