На денешен ден е роден нашиот прозаист, есеист и поет Александар Прокопиев

Александар Прокопиев е роден во Скопје на 24 февруари 1953 година. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.

Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. За новелата „Ѕиркачот“ бил номиниран за книжевната награда „Балканика“ во 2007 година.


Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

Прокопиев е автор на следниве дела:


  • „Младиот мајстор на играта“ (раскази), 1983
  • „…или…“ (раскази), 1987
  • „Пловидба кон Југ“ (раскази), 1988
  • „Слово за змијата“ (раскази), 1992
  • „Ars amatoria“ (раскази), 1998
  • „Слика тркало“ (хаику), 1998
  • „Дали Калимах беше постмодернист?“ (есеи), 1994
  • „Патување на сказната“ (есеи), 1996
  • „Антиупатства за лична употреба“, 1996/2000
  • „Постмодерен Вавилон“ (есеи), 2000
  • „Човекот со четири часовници“ (раскази), 2003
  • „Борхес и компјутерот“ (есеи), 2005
  • „Ѕиркачот“ (новела), 2007
  • „Човечулец: бајки од левиот џеб“, 2011
  • „Делфин“ (раскази), 2018
  • „Син-риба“ (раскази), 2020
  • „Љубовни аматери“ (раскази), 2021

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …