Саша Поповиќ од VEGA IT и Драган Филиповиќ од Generali Србија доаѓаат на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026


Конференцијата што ги спојува визионерите на Балканот повторно се враќа! „The Economist MeetUp: The World Ahead 2026“  пристигнува на 18 декември во Скопје со уште помоќна агенда и звучни имиња кои го менуваат светот – почнувајќи од тука.

Првите двајца говорници се официјално потврдени – Саша Поповиќ, ко-основач и извршен директор на Vega IT – лидерот кој во срцето на Балканот изгради глобално успешна ИТ компанија и докажа дека грижата за луѓето е најсилната бизнис-стратегија, доаѓа во Скопје за да зборува за иднината на работата, културата и дигиталните импулси што го движат светот.


Неговиот колега на сцената ќе биде еден од најпрогресивните лидери во финансиската и осигурителната индустрија – Драган Филиповиќ, претседател на Извршниот одбор и CEO на Generali Србија – визионерот кој веќе две децении стои зад трансформацијата на една од најмоќните осигурителни компании на Балканот, градејќи лидерство засновано на иновација, одржливост и грижа за луѓето.

Во време на глобална неизвесност, токму луѓе како Поповиќ и Филиповиќ нудат јасна визија и практични модели за новиот свет – свет што е одржлив, дигитален и хуман.


Третото издание на „The Economist MeetUp – The World Ahead 2026“, во организација на Represent Communications Macedonia и Color Media Communications, ќе донесе уште помоќна програма, врвни говорници и искрени дијалози за тоа каде се движи нашиот регион – и светот.

Повеќе информации за настанот може да најдете на официјалниот вебсајт – https://economistmeetup.com.mk/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ИМОТОТ КАДЕ ОДРИ ХЕПБЕРН ПОМИНАЛА ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ СЕГА Е НА ПРОДАЖБА: Никогаш не сте виделе нешто толку убаво!

La Paisible, „местото на мирот“ – бил нејзин дом 30 години. Во едно тивко алпско …