(ВИДЕО+ФОТО) ИНТЕРВЈУ СО ЗДРАВКО ЧОЛИЌ: „Никогаш не сум имал три концерти по ред но за македонската публика сум посебно врзан!“


– „Сигурно ќе одам на моето омилено место на Водно. Имам многу лични и специјални спомени па да се вратам на некои години кога таму бев исполнет и среќен!“

После шест години Здравко Чолиќ повторно ќе има концерти во Скопје. Велиме концерти бидејќи приватно често наминува да се сретне со пријателите со кои е врзан и со кои е во контакт неколку децении…Во редовите подолу, се надеваме, ќе ви откриеме нови нешта (професионално, музички и карактерно) за најголемата ѕвезда во регионот која опстојува скоро пет децении и е СВОЈ…
На 2, 3 и 4 јуни (по одложувањето поради трагедијата во Кочани) Здравко Чолиќ ќе одржи три концерти во „Борис Трајковски“.
Како што и самиот ни кажа бидејќи настапот е со Симфониски оркестар со 50 музичари тој инсистирал да нема стоење туку само седење за да се добие „посериозна“ атмосфера каква што заслужува публиката која доаѓа на слични настапи со таков оркестар.


*Значи, ќе зборуваме за концертите. Знаеш дека јас одамна имав иницијатива да направиме анплаг концерт, па ме убедувавте со години, а потоа дојде една иницијатива сето тоа да се развие симфониски. И тогаш Биљана Џигоја, која е од Бања Лука, имала таму некој фестивал и таа со Федор Вртачник, и новосадски окестар, нешто договорила. Јас немав ништо против а потоа имав идеја некој сето тоа да го аранжира, а Федор е врвен аранжер, Тој направи 30 – ина аранжмани за песни за Бања Лука. И, откако тоа го направи се виде дека тоа е добро и дека тој симфониски оркестар може да ме прати. Потоа беше Загреб, два концерти, ја имавме Пулска арена исто со симфониски оркестар.


Исто и отворање на Сава центар бидејќи Мишковиќ бараше јас да го отворам со симфонискиот, на 2 и 3 септември минатата година, и еве сега на почетокот на април во Љубљана. Беа најавени концертите во Скопје кои, поради трагедијата во Кочани која е неопислива траума и не ми е јасно како можело тоа да се случи, се одложија, но ете ќе ги одржиме сега во јуни. Така што тоа со симфонискиот се покажа како одлична програма која можеме да ја имаме и да ја свириме. Она, имаш неколку нови песни, ќе исфрлиш други па ќе додадеш неколку стари, сега тоа е реверзибилно, И ете тој Федор е добар соработник, а тука се и неколку музичари со кои редовно свирам, Пајо, Жика….


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fedor Vrtacnik (@fedor_vrtacnik)

– Како ти сега се снаоѓаш на бината со оркестарот?
*Добро, добро, јас и почнав со голем бенд….

-Да, но просторот на движење ти е намален?
*Па, добро, помалку се движам бидејќи е попристојно, и да не си нешто лево десно и така. Отприлика ти годи бидејќи губиш помалку енергија но мораш повеќе да пееш. Бидејќи не можеш да ја занемариш публиката. Имав еден услов а тоа е кога ќе се продаваат карти секој да има свое место за седење, бидејќи тоа веќе личи на некоја пристојност.

*Заборавив да ти кажам. Свиревме во Крагуевац. Вуле го правеше „Арсенал фест“, со симфониски оркестар, во оној арсенал каде што во бивша југа се произведувало оружје, тоа е во центарот на Крагуевац. Вуле традиционално го работи „Арсенал фест“, но не беше како што ќе биде сега во Скопје, туку сите стоеа. Имаше повеќе луѓе отколку што треба, е тоа беше единствен концерт од овој тип каде се стоеше. Види, некој сака да танцува, да пее, но тоа може и од столчето каде што седи.
Со 55 луѓе на сцена сето тоа изгледа и делува многу посериозно. Понекогаш доаѓа Никша Братош, за некоја акустична гитара. И друг гитарист – или да поедноставам – ова што ние го изведуваме сега е пресликан Санремо. Ете така е.

Така да Федор не е лош. Знаеш што правеше тој во аранжманите. Во принцип он го остави темпото го остави ритамот, ги остави тие гитарски сола, ама додаде некој нов вовед па го промени интермецото помеѓу. Така што „Главо луда“ или „Подлугови“ кога ќе тргнат, па не знам, некои стари песни ти не знаеш која е таа песна. И тој полека, го воведува вистинскиот ритам кога пејачот ќе почне. Ги промени и средните делови, но не секаде, има песни во кои е бендот и се вклучуваат гудачи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …