(ФОТО) Ни случајно на најновата диета од TikTok: Чиста заблуда, нутриционист предупредува на опасни несакани ефекти


Новата диета на која многумина се колнат на TikTok предизвикала сериозна загриженост кај нутриционистите.
Убавото време пристигна, а со него и притисокот да се достигне таканареченото „бикини тело“. Иако совршената фигура за на плажа всушност не постои, токсичните стандарди за убавина стануваат поизразени во текот на потоплите месеци, па затоа е тешко да се избегнат диетите, особено ако поминувате време на TikTok. Речиси секој месец се појавува нов совет за слабеење, а најновиот тренд може да има сериозни последици.
По „Оземпик“, дојде редот на рицинусовото масло. Пиењето на оваа бледо жолта течност има поголема веројатност да ве одведе во тоалет отколку да доведе до тенок струк. Многу корисници на TikTok земаат по една лажица рицинусово масло месечно и тврдат дека мораат „цел ден да трчаат до тоалет“ затоа што тоа „го чисти нивното тело и им помага да ослабат“.
Затоа многу експерти се изјаснија, а прва меѓу нив е Емили Вуд, нутриционист и консултант за слабеење од Voy тимот.
„Низ животот, луѓето често се свртуваат кон диети со надеж дека ќе најдат брзи решенија за промена на телесната тежина. Во текот на летото, многумина сакаат брзи резултати поради претстоен одмор или важен настан. Сепак, тврдењата на корисниците на TikTok дека рицинусовото масло помага во губењето на тежината се погрешни. Неговото главно дејство е силен лаксатив, а не согорувач на масти, што може да доведе до привремено губење на тежината со вода, но не и до вистинско губење на масти“, рече таа.


Рицинусовото масло не само што е неефикасно за губење на тежината, туку може да предизвика и сериозни дигестивни проблеми, забележала таа. Ова значи дијареја. Поради високата содржина на рицинолеинска киселина, растителното рицинусово масло може нагло да ја зголеми работата на цревата. Сепак, честите празнења на цревата не се добри ниту за вашиот дигестивен систем, ниту за вашето целокупно здравје.
„Рицинусовото масло предизвикува дијареја поради високата содржина на рицинолеинска киселина, која ги стимулира цревните контракции и лачењето на вода во цревата, што доведува до брзо и силно празнење. Исто така, може да предизвика грчеви во стомакот, гадење, дехидратација и електролитен дисбаланс, што е особено ризично за луѓе со чувствителен дигестивен систем или постоечки здравствени проблеми“, вели нутриционистката.

Како да ослабете без да пиете рицинусово масло?
Целта не треба да биде губење на тежина, туку да се чувствувате добро во вашето тело. Тоа започнува со правилна исхрана и внес на течности што вашиот стомак може да ги поднесе. Ова значи дека треба да пиете повеќе вода и да го исфрлите алкохолот, но нутриционистката предупредила дека таканареченото „чистење на телото“ не е решение.
„Ритуалите за ‘чистење’, како што се краткорочните диети, се претежно минливи трендови без долгорочен ефект. Ако не сакате да го поминете летото на тоалет, подобро е да го вратите рицинусовото масло во плакарот. Безбедното ‘чистење’ вклучува зголемување на внесот на вода, јадење храна богата со растителни влакна, фокусирање на непреработена храна и намалување на алкохолот. Сето ова ги поддржува природните процеси на телото преку црниот дроб, бубрезите и цревата“ заклучила Емили Вуд


Со други зборови, не ги земајте советите за социјалните медиуми „здраво за готово“.

Фото: Принтскрин/TikTok/kingg__kyy/TikTok/anisacosmetic


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОВАА ДИЕТА МОЖЕ ДА ГО ПОДМЛАДИ ВАШИОТ МОЗОК ЗА 7 ГОДИНИ: Многумина се грижат за губење на менталната острина како што минуваат годините

Науката покажува дека здравите навики во исхраната можат да имаат моќен ефект врз зачувувањето на …