Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“


Музејот на Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“. Промоцијата ќе се одржи на 19 мај 2025 година (понеделник), во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.

Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам. Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес.


Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Промотор на настанот ќе биде м-р Данијела Трајкова Крстиќ, виш кустос – историчар во НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …