Роденденски концерт на Conquering Lion во Станица 26

Својот 17-ти роденден Conquering Lion ќе го прослават со концертен настап во ноќниот клуб “Станица 26” во Скопје, на 20-ти Април (Сабота), со почеток во 21:00 часот.

Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува на 7-ми Април 2007. Во октомври 2009. бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”. До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22ри Ноември 2013 бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја. Како едни од побитните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit of Burgas и Hills of Rock во Бугарија,…


Conquering Lion го издаваат својот 4ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24ти Фебруари 2017 за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше на листата за преноминации за најдобар реге албум за 2017 на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”. Сите три сингла од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.

Првиот сингл од албумот “Shine” беше премиерно промовиран истотака на порталот “Reggaeville” на 23-ти Март 2018. Вториот сингл “Badman World” заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот “Reggaeville” на 27-ми Август 2018. Бендот го издава својот 5-ти под ред студиски албум “Revolution Time” на 30.03.2020 за издавачката куќа “Rehegoo Music” од Лондон, В.Британија. Бендот го издаде синглот “Long Time” во соработка со македонската пејачка Дани Димитровска на 8-ми Декември 2021. Во моментов бендот работи на својот 6-ти по ред студиски албум кој сеуште е во подготовки, а првиот сингл “Warning” во соработка со српскиот реге пејач Hornsman Coyote беше премиерно промовиран на 10-ми Декември 2023.


Влезниците се по цена од 400 денари во претпродажба и 500 денари на влез.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …