Со комбинација на кардио прошетки и вежби по сопствен избор ќе имате фит лето!
Диети, вежбање, кардио, прошетки, трчање, Кето, Палео и сите останати термини означуваат губење килограми и слабеење…Многу се големи шансите и’ самите да сте пробале барем нешто од наведеното. За да ви помогнеме во процесот на губење на вишокот, пронајдовме неколку рецепти
за напитоци кои го прават токму тоа!
Овие пијалоци содржат состојки кои се природни, ги исфрлуваат токсините од телото, го забрзуваат метаболизмот и буквално топат калории. Во комбинација со кардио прошетки и вежби по сопствен избор не ви гине фит лето!
Зелено смути
Овој смути ќе ви го промени животот. Во него се наоѓаат совршени пропорции на овошје и зеленчук и е идеална замена за појадок, ручек а можеби и вечера. Спанаќот има благ вкус, а со оглед на тоа дека во него се наоѓаат повеќе од дваесет нутриенти, минерали, витамини и антиоксиднси – не е чудно што е совршена замена за оброк. Изблендирајте ги сите состојки и уживајте во вкусовите.
Потребно е:2 шољички спанаќ, 2 шољички вода, 1 шољичка манго, 1 шољичка
ананас и 2 банани.
Грејпфрут и оцет од јаболко
Грејпфрутот прави чуда за регулирање на шеќерот во крвта, а оцетот од јаболко ги исфрлува токсините од телото и придонесува за топење на маснотиите.
Се’ што ви треба е шољичка свеж сок од грејпфрут и една лажица оцет од јаболко.
Чиа семе и сок од лимон
Ова е пијалок кој можете да го пиете цел ден без премногу размислување. Лимонот самиот по себе е здрав а чиа семките се супер намирница која е полна со нутритивни вредности. Поради лимонот, кој е полн со витамини, минерали, антиоксиданси биофлавоноиди – вашиот имунолошки систем ќе
зајакне, а телото ќе работи совршено. Плус: лимонот успешно согорува телесни маснотии и го балансира Пх факторот во телото.
Се’ што треба да направите е да измешате 2 лажички чиа семки со лимонада. Оставете да отстои 10 – инна минути пред да почнете да пиете.
Лимонада од ѓумбир
Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и му помогнува на телото да ја свари храната на некој оптимален начин. Во комбинација со лимонот, не само што ќе ви помогне во борбата со килограмите туку ќе направи чуда и за вашиот кардиоваскуларен систем. Најдобро од се’ е тоа што овој пијалок можете да го пиете топол или ладен, колку и да сакате во текот на денот.
Потребно е: сок до три лимони, 1 лажица ситно сечкан или рендан ѓумбир, кој треба да отстои во топла вода. Кога водата со ѓумбирот ќе се излади додајте го сокот од лимон и уште малку вода. Ако пијалокот ви е многу горок додајте лажичка мед за да биде послатко.
Пијалок наречен „збогум сало“
Чаша од овој напиток пред спиење ќе ви помогне со системот за варење повеќе отколку што можете да замислите. Ќе го забрзате метаболизмот и ќе ги отстраните токсините од телото, додека спиете. Има ли нешто подобро? Спиеме и согоруваме маснотии.
Потребно е: 1 лимон, 1 лажичка оцет од јаболко, 1 лажичка мед или ѓумбир, 1 лажичка цимет и 2 чаши води.