Рецепт за совршен непечен колач: Ледени коцки со кокос и мелени бисквити

Едни поинакви ледени коцки кои за љубителите на кокосот ќе се вистинско откритие…
Состојки:
Кора:
300 г мелени бисквити
200 г рендано чоколадо
100 мл млеко
Бел дел:
500 мл млеко
80 г гриз
100 г шеќер
200 г кокосово брашно
Глазура:
100 мл слатка павлака
100 г чоколадо
40 г путер
Подготовка: кора: измешајте ги мелените бисквити и ренданото чоколадо, додајте млеко, изедначете и нанесете во калап покриен со хартија за печење, по дното и страните, или едноставно убаво намачкајте со путер.Убаво притиснете ја смесата и префрлете во фрижидер.
Бел дел: од млекото, шеќерот и гризот сварете крем и во уште топлата смеса вмешајте го кокосовото брашно. Кремот префрлете го во друг сад, израмнете и покријте со прозирна фолија, да не се фати коричка. Оставете убаво да се излади па нанесете на кората. Израмнете и префрлете во фрижидер
За глазурата загрејте ја слатката павлака, но не до вриење и додајте ги путерот и искршеното чоколадо. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса. Со глазурата полијте го убаво изладениот колач и префрлете во фрижидер.Најдобро е да остане преку ноќ, ако издржите да не го пробате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …