Оваа жена за да ја исчисти јакната употребила средства за чистење од кујната и била изненадена од ефектот…
Честопати децата доаѓаат дома валкани откако играле надвор, па затоа е многу важно секој родител секогаш да има ефикасно средство за чистење за да ги отстрани тврдоглавите флеки од облеката.
Една мајка споделила фотографии од валканата јакна на нејзината ќерка на групата „Mrs Hinch Made Me Do It” на Фејсбук, опишувајќи како успеала да ги отстрани сите флеки од неа, пренесува Mirror.
Прво, таа ја испрскала целата јакна со средство за отстранување мувла.
Потоа ја ставила во машината за перење алишта на 90 Целзиусови степени, но наместо детергентот за алишта, ставила таблета за машина за миење садови.
„Откако испробав сè, мислев дека немам што да изгубам ако се обидам да ја исчистам јакната на овој начин. Да не успеав, ќе купив нова јакна“, напишала таа, додавајќи:
„Јакната сега изгледа како нова, дури го исчеткав крзното на качулката кога ја извадив од машината за перење. Заштедивме вистинско мало богатство што инаку би потрошиле за купување нова јакна“.
Другите членови на групата биле шокирани од резултатот.
„Тоа е навистина импресивно“, „Одлична работа!“, „Леле, изгледа одлично“, се само неколку од коментарите.