(Рецепт) Посна торта со бисквити и пудинг

Посна торта со бисквити и пудинг е едноставен и брз десерт кој се приготвува без многу труд, а воодушевува со својот кремаст вкус.
Состојки:
За основата:
300 гр мелени посни бисквити
100 гр маргарин
100 мл сок од портокал или вода
За фил:
500 мл млеко од растително потекло (бадем, соја или кокос)
2 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
100 гр чоколадо со малку маснотии
За декорација:
рендано чоколадо, суво овошје
Подготовка:
Оваа посна торта е идеална кога ви треба брз, а сепак вкусен десерт. Со основа од мелени бисквити, кремаст фил со чоколадни трошки и лесен завршен слој од шлаг или рендано чоколадо, ќе ве освои со својата едноставност и совршен вкус.
Мелените бисквити измешајте ги со стопен маргарин и сок, па притиснете во калапот. Оставете во фрижидер да се стегне додека го подготвувате филот.
Во малку растително млеко измешајте го пудингот со шеќер, а остатокот од млекото загрејте го. Кога ќе зоврие додадете го изблендираниот пудинг и варете додека не се згусне. Тргнете го од оган и кога малку ќе се олади додадете ја ренданата чоколада и нежно измешајте. Намачкајте го филот преку основата и оставете да се стегне. Покријте со посен шлаг или посипете со рендано чоколадо.

Тортата има уште подобар вкус ако отстои во фрижидер неколку часа.
По желба во филот можете да додадете сечкани лешници или сушено овошје за дополнителен вкус.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Остана само уште еден ден ден за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025

Рокот за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025 истекува утре Остана само …