Рокот за пријавување на дела за конкурсот Trash for Art 2025 истекува утре
Остана само уште еден до крајниот рок за пријавување на дела направени од отпад за наградниот конкурс Trash for Art 2025. И оваа година Пакомак подготви вредни награди за избраните победнички дела направени од амбалажен отпад, додека Нула Отпад ДОО Скопје обезбеди награден фонд и за трите најдобри испратени дела направени од електронски отпад.
Конкурсот започна на 20.02.2025 и ќе биде затворен утре, на 12.03.2025 до 18 часот.
Сите уметнички дела направени од отпад треба да се достават или испратат по карго служба во Лабораториум, на Булевар Климент Охридски бр. 68 во Скопје, помеѓу 10 до 18 часот. Одбраните дела од секоја категорија ќе бидат објавени на веб-страницата на Пакомак и истите ќе останат во сопственост на компанијата. Недобитните дела ќе може да се подигнат на 14.03.2025 година, најдоцна до 18 часот.
Испратените дела треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи не повеќе од 150 см. За уметничките дела од електронски отпад треба да се употребат минимум три дела од електронски отпад и отпадни батерии. Eден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда.
Наградниот конкурс Trash for Art е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории: градинки; основни училишта; поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други). Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и за трето место (10.000 денари). Идентичен награден фонд е предвиден и за наградата за уметничко дело направено од електронски отпад, која ја доделува Нула Отпад ДОО Скопје.
Побрзајте, пријавете го вашето уметничко дело и покажете дека секој отпад не е ѓубре!
Повеќе информации за „Trash for Art”, условите за учество и наградите дознајте на www.pakomak.com.mk и на Фејсбук страната на Пакомак: https://www.facebook.com/Pakomak.mk.