Илија Милчин е роден на 19 јуни 1918 во Прилеп. Тој беше македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ.
Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како глумец и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија (1947-1948).
Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“.
Милчин има остварено бројни филмски улоги:
1958 Мис Стон ТВ-филм, Јане Сандански
1961 Мирно лето ТВ-филм, Професорот Нестор Гиевски
1961 Пресметка ТВ-филм, Хасан-бег
1966 До победата и по неа ТВ-филм, Адвокат Страсев
1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм, Валија
1968 Стотиот чекор ТВ-филм
1969 Враќање од рајот ТВ-филм
1969 Републиката во пламен ТВ-филм, Јаја Ефенди
1970 Слики на дрво ТВ филм
1970 Човекот во црно Краток филм
1970 Александра ТВ филм
1971 Македонски дел од пеколот ТВ филм, Полицискиот началник
1971 Понижени и навредени ТВ филм
1973 Залез зад езерската земја ТВ серија
1975 Парадоксот на Диоген ТВ филм, Владимир Крстин-Борски
1975 Волшебното самарче ТВ серија
1975 Картотека ТВ-филм
1976 Последниот ден на Мистер Порфириј ТВ-филм
1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ филм
1978 Златни години ТВ серија
1978 Курирот на Гоце ТВ серија
1979 Наши години ТВ серија, Полковникот
1979 Хихирику Радио-емисија
1980 Учителот ТВ филм
1981 Црвениот коњ ТВ-филм, Лефтер
1981 Булки крај шините ТВ серија
1982 Илинден ТВ серија, Омер Ружди-паша
1983 Премиера ТВ филм
1983 Кога тетин Клименте шеташе над градот ТВ филм, Анатол Шулц
1983 Црвениот коњ ТВ серија
1983 Комедијанти ТВ серија, Управникот
1984 Хихирику – 5 години ТВ-филм
1984 Јуначко колено ТВ серија, Кајмакамот
1984 Белото Циганче ТВ серија
1985 На наш начин ТВ серија
1985 Јазол ТВ серија, Стариот рабин
1986 Климент Охридски ТВ филм, Чеслав
1987 Трето доба ТВ филм
1987 Ѕвездите на 42-та, Давчев
1988-1993 Еурека ТВ-серија, Алберт Швајцер
1988-1993 Тврдокорни ТВ-серија, Едип Паша
1992 Заминување од Пасквелија ТВ филм, Стариот Аргил
1992 Време, живот ТВ филм
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ филм, Жан Дивалје
1993 Крик на немиот индијанец ТВ филм, Стариот хотелџија
1994 Прекалени ТВ серија, Михаил
1995 Ангели на отпад, Професорот
1999 Време, живот ТВ-филм
2001 Агенција осамени срца ТВ-серија
Починал на 11 март 2002 година во Скопје.