(Рецепт) ОВОЈ РЕЦЕПТ Е НАВИСТИНА ЧУДО: Како да се ослободите од болки во грбот, зглобовите и нозете за 7 дена

Одамна прочитав совет на еден воен лекар за тоа како зглобовите да се одржат во добра состојба и во исто време да се отстранат многу проблеми врзани за нив Проверив на себе и своите пријатели и се убедив дека овој рецепт е навистина ЧУДО!
Овој рецепт ќе го поделам со вас кои имате проблеми со зглобовите, грбот, нозете, вратот и т.н.
Рецептот гласи вака:
Купете во било која продавница 150 г. било кој желатин за јадење, со овошен вкус или без сеедно (150 г. за кура за лекување во еден месец).
Навечер ставете 5 г желатин (2 рамни лажички) во 1/4 чаша со ладна вода (од фрижидер). Измешајте и оставете да стои до утре (на собна температура).
Желатинот ќе набабри и преку ноќ ќе се претвори во желе.
Наутро испијте ја смесата на празен стомак. Можете да додадете сок, вода со мед или смесата да ја измешате со јогурт или кисело млеко. Или на било кој друг начин кој вам ви одговара.
Функционира така што луѓето кои се жалеле на болки во зглобовите, грбот, нозете, болки во кичмата, вратот и т.н., после една седмица престануваат да ги забележуваат.
Курата за лекување е еден месец. Повторете после шест месеци. Ова е начин да се обнови „подмачкувањето“ на зглобовите. А од здравите зглобови зависи и нормалната работа на многу органи, бидејќи се во нашиот организам е поврзано.
Но, многумина не веруваат. Скапите лекови против болки се полни со хемија и за некого се единственото решение, а така „примитивно“, незадолжително лекување не влева доверба.
Зошто желатинот е толку корисен за зглобовите?
Желатин – производ од животинско потекло, добиен како резултат на преработка на сврзувачкото ткиво на крупна стока со рогови – тетиви, коски, рскавица, е всушност колаген во најчист облик. Позитивно делува на состојбата на внатрешните влакна и ситните крвни садови. Во себе поседува две аминокиселини: пролин и хидросипролин, кои имаат позитивно влијание на опоравувањето на сврзувачкото ткиво. Желатинот е во состојба да го зголеми растот и обимот на сврзувачкото ткиво што е многу важно кај болните зглобови.
Желатинот е корисен производ со исклучителен квалитет за подобрување на здравјето:
– ги јакне зглобовите и срцевиот мускул
– го подобрува метаболизмот
– ја зголемува менталната способност
– одржува здрава состојба на кожата
– дава еластичност и сила на тетивите и лигаментите
– спречува развој на остеопороза и остеоартритис
– доведува до подобрување на растот и структурата на косата и ноктите
– незаменлив при дисплазија
Од лично искуство имам да ви кажам дека навистина за само 7. дена престанаа болките во кичмата и укоченоста во вратот, кои ги чувствував неколку месеци, бидејќи мојата работа е врзана за подолго седење пред компјутер. После курата од лекување од еден месец се чувствував многу подобро, болките во грбот исчезнаа на подолго време, вели една корисничка на желатин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Преподобен Киријак Отшелник

Преподобен Киријак Отшелник Роден е во Коринт од родителите Јован и Евдокија. Татко му беше …