Репертоар на Театар комедија од 15. до 24. февруари

15. февруари „Вардарски пастуви“

„Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Буве (се сеќавате на филмот „Фул Монти“?) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но овој пат станува збор за сосема наш производ, пред се’ затоа што е сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да и позавидат и Буве, и Мекартен и Синклер.
Приказната е современа и мејд ин Скопје. Станува збор за скопска маалска група другари – тифози, на кои најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот на маргините и по хаусторите на Скопје, ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ, а потенцирано од нивните секојдневни проблеми (едниот има проблеми со жената, друг не може да си фати девојка, третиот за да заработи служи како келнер итн…) стануваат апатични. Но, при една средба, еден од нив наоѓа оглас за работа: Се бараат млади, згодни, убави… за машки стриптиз.
Предупредување: Содржината нема сексуално експлицитна тематика, но може сериозно да ја возбуди женската публика, и не е препорачлива за лица под 17 годишна возраст…
Актери:Атанас Атанасовски – Џаро,Валентин Костадиновски-Тино – Брзи,Жарко Димовски – Жица,Илија Илиовски – Касап,Столе Мицов – Лепи,Едмонд Сотир – Роки,Крсте Јовановски – Шеф,Јелена Жугиќ – Лина.


24. февруари „Првин ќе ме земеш после ќе ме“
„Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ е првото реално шоу во Театар Комедија.
Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој – маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се омажи на оваа средба, уште истата вечер.
Ова е единствената претстава за време на која вие како публика сте активен учесник во режирањето на претставата. Дали Таа да го бакне или да му удри шамар, дали Тој или Таа да одговори на повикот од неговата бивша жена – одлучувате вие по пат на гласање во живо!
Играат: Ѓорѓи Мучев – Роберт Ристов, Кети Мјау Соколовска – Мирјана Поповска Ристов,Келнерот/ Водителот – Дарко Вељиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …