Промоција на сликовницата „Лили“

Промоција на сликовницата „Лили“ напишана од Теона Цоневска и нацртана од Ирина Атанаскова, во издание на Чудна шума, на 18 ноември, сабота, во 12:00 во кафе-бар Морис.

Лили e растение кое живее во прекрасна цветна градина. Како доаѓа времето за цут на одредено растение, така тоа си добива цвет. Едно по друго, сите растенија во градината расцутуваат… Сите освен Лили. И така, таа трпеливо чека да расцути… додека градината секоја година блеснува во најразлични бои. Дали Лили ќе добие цвет или ќе остане само едно обично зелено ливче?


Оваа сликовница е напишана и нацртана од две сестри – Теона Цоневска (текст) и Ирина Атанаскова (илустрации), а е посветена на сите цвеќиња кои сѐ уште чекаат да расцутат.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …