Проекцијата на филмот „Данте“ на Пупи Авати во Кинотека на Македонија

По повод Денот на Данте, Амбасадата на Италија во Скопје со задоволство ве поканува на 25 март во 16.30 часот во националната Кинотека на Република Северна Македонија на проекцијата на филмот Данте (2022) на добро познатиот режисер Пупи Авати.

Влезот на настанот е бесплатен, а филмот ќе биде титлуван на англиски јазик.


Дејството на филмот се одвива во 1350 година кога на авторот на „Декамерон“, Џовани Бокачо, му е зададена задача да однесе десет златни флорини на почесната сестра Беатриче, ќерка на Данте Алигиери, калуѓерка во Равена.

Парите се симболична компензација за конфискацијата на имот и осудата на смрт, изречена за Данте од општината Фиренца, речиси половина век претходно. Авторот на Декамерон ја прифаќа задачата уверен дека ќе може да спроведе истрага за Данте што ќе му овозможи да ја раскаже неговата приказна и неправдите што ги претрпел.


Во долгото патување, покрај ќерката, Бокачо ќе се сретне и со оние кои во последните години од егзилот во Равена на Данте му понудиле засолниште и гостопримство, како и со оние кои го отфрлиле, осудувајќи го на бегство.

Следејќи ги стапките на таткото на италијанскиот јазик, на патот од Фиренца до Равена, Бокачо ја реконструира судбината на Данте, до степен што успева да ни ја пренесе целата негова приказна и да го издигне името на Данте Алигиери до вечноста на легендите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …