Причини зошто треба да пиеме ЧАЈ ОД НАНЕ

Нането може да помогне да се спречи надуеност и пореметување со варењето.
Неодамнешните студии, исто така, покажаа дека екстрактот од нане ги релаксира органите и ги ублажува болките и грчевите. Испитаниците забележале дека по 4. недели пиење чај, симптомите на дигестивни нарушувања се намалиле за околу 40%. Покрај тоа, капсулите од пеперминт спречуваат мачнина кај оние кои се подложени на хемотерапија.

Зошто чајот од нане е добар?


Намалување на главоболки и мигрена
Нането ги релаксира мускулите и ја ублажува напнатоста, па затоа може да биде верен помошник во борбата против некои видови главоболки. Најбезбедно е да се протрие масло од нане во пределот на слепоочниците и вратот или да се испие чаша чај од нане.


Енергија
Истражувањата покажаа дека чајот од нане може да има позитивен ефект врз нервниот систем, да го зголеми нивото на енергија и да спречи дневна поспаност.

Помош за слабеење
Чајот од нане има освежувачки сладок вкус, без калории и кофеин. Покрај тоа, нането може малку да го намали апетитот, што е важно во борбата против вишокот килограми.


Подобрување на концентрацијата
За оние кои имаат потешкотии да се концентрираат, нането ќе биде неизоставна помош. Нането, исто така, има позитивен ефект врз меморијата и брзината на реакција.

Борба против бактериски инфекции
Нането може да се користи за борба против некои бактерии, вклучително и Staphylococcus aureus, Salmonella и Listeria. Нането го спречува растот на микроорганизмите, а исто така е способно делумно да ја дезинфицира усната шуплина и има корисен ефект врз дишењето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …