Премиерката ја одлага венчавката поради состанок: „Морам да мислам на интересите на државата!“

Премиерката на Данска, Мета Фредериксен, ја одложува свадбата што е планирана за следниот месец заради самитот на Европската унија, на кој ќе се разговара за буџетот на европскиот блок.
„Средбата на Советот во Брисел ќе се одржи во сабота во јули, кога ја планиравме свадбата“, изјавила Фредериксен на својот профил на Инстаграм.
„Сепак, морам да се грижам за мојата работа и интересите на Данска“, истакнала таа, додавајќи дека таа и нејзиниот свршеник мора да ги променат своите планови уште еднаш. Ова е втор пат таа да ја одага церемонијата.
Минатата година Фредериксен ја одложи свадбата поради националните избори што се одржаа на 5. јуни, по што нејзината Социјалдемократска партија формираше еднопартиска, малцинска влада.
Фредериксен и нејзиниот свршеник Бо Тенберг се запознале во 2014. година и се свршиле во 2017 година, објави весникот „Екстра Бладет“. Данската премиерка изјавила дека веројатно ќе успее да се омажи наскоро и го пофалила својот свршеник за трпеливоста.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …