Прекрасна шанса за младите пејачи: Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца

„Земја во која не се стигнува “ е насловот на првиот македонски музички спектакл за деца – мјузиклот кој ќе го подготви Театарот за деца и младинци (ТДМ).
Текстот за мјузиклот е на познатата македонска писателка Оливера Николова, музиката е на маестро Александар Џамбазов, а режисер на мјузиклот ќе биде Виолета Џолева.
Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е професорката Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот е професор Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.
Во мјузиклот ќе учествуваат деца актери на возраст помеѓу 9. и 13. години, кои знаат да пеат и имаат актерски талент. Поради тоа, ТДМ организира аудиција на 21,22 и 23 септември во просториите на Детски Културен центар „Карпош“ на улица „Илинденска бр 53” (поранешен назив „Пионерски Дом Карпош“).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …