Повеќе од 1000 деца го посетија првиот Саемот на креативни индустрии

Повеќе од 1000 деца на возраст од 6 до 17 години ја искористија можноста да се забавуваат и да учат за креативните индустрии, а околу 200 од нив добија награди од изложувачите во рамките на првиот Саем на креативни индустрии.

Во текот на двата дена, Саемот им овозможи на децата не само да научат што сѐ може да биде дел од креативните индустрии, туку и да го видат нивниот потенцијал и оригиналните идеи на 40-тина изложувачи. Тие имаа прилика да видат и поиграат видео игри создадени во нашата земја, принт на хартија и текстил, 3Д-печатање во живо, роботска рака, да слушнат и видат видео приказни, макети за изработка на сетови за анимиран филм, и многу повеќе.


This image has an empty alt attribute; its file name is deca-saem-2.jpg

Саемот за креативни индустрии се роди од идејата да се подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии и да ги едуцира децата на нов, невообичаен и интерактивен начин за креативните индустрии. Спојот на креативните индустрии, бизнисите од истата област, образованието и младата работна сила се од витално значење за здраво креативно општество. Саемот придонесе и за популаризација на креативните индустрии и нивно акцентирање, можностите за работа што ги нудат како и вмрежувањето на поединци и асоцијации.


Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 23 ноември во Офицерскиот дом и киното „Манаки“.

Настанот е организиран од страна на Здружението „Балкан синема ситис“ во соработка со киното „Синеплекс“ и Културен и информативен центар – Битола, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …