(ВИДЕО/Рецепт) ПРЕДЛОГ ЗА РУЧЕК: Полнети гнезда од мелено месо, БОГАТ ОБРОК за целото семејство

Рецептот за полнети гнезда со мелено месо ќе ве воодушеви, ќе имате ручек како во ресторан.
Полнетите гнезда од мелено месо, со сочен фил се идеален избор за богат оброк, а гостите особено ги сакаат. Ќе се разграба штом ќе го послужите и сите ќе бидат сити и задоволни.
Состојки:
1 главица кромид
100 гр печурки
2 китки магдонос
200 гр ситно сечкано свинско месо
сол, црн пипер
1 кг мелено свинско месо
100 гр пршута (или салама)
2 кисели краставички
60 гр топено сирење
150 гр кашкавал
Подготовка:
На маслиново масло се пропржува кромидот, па се додаваат печурките, магдоносот, ситно сечканото свинско месо, сол и бибер. Од меленото месо направете осум еднакви топчиња, па формирајте гнезда. Наполнете ги гнездата со подготвениот фил и останатите состојки: пршута, топено сирење и кисели краставички. Готовата смеса наредете ја во намрсен плех и печете 60 минути на 180 степени. Кога гнездата ќе се испечат, послужете ги по желба.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез …