ПОТВРДЕНО: “Бијело дугме“ ќе одржат концерт на плоштад „Македонија“

Конечно сите дилеми се разрешени – Казиното “FlaminGo” на 17. ноември со концертот на култниот бенд „Бијело дугме“ на плоштад “Македонија” во Скопје ќе ја започне работата.
Големата забава која  е бесплатна за сите граѓани ќе се случува на 17-ти ноември. На сцената заедно со Горан Бреговиќ ќе бидат и Младен Војчиќ-Тифа и Ален Исламовиќ.
Претходно се шпекулираше дека се работи за концерт организиран од Град Скопје за Денот на ослободувањето, но оваа информација беше демантирана. Како што изјави долгогодишната соработничка на Бреговиќ, вокалистката Васка Јанковска за „Фокус“, концертот е договорен на неодамнешното гостување на бендот во Струмица.
“Бијело дугме” е основано во 1974 година и важи за еден од најпознатите ако не и најпознат рок состав во регионот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …