„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам. Со мултимедијално книжевно читање на надреалистичка поезија ќе гостуваат авторите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска.

-Оваа епизода посветена на надреализмот е десетта во низа и со неа ќе се продолжи идејата која стои зад овој настан – да се промовираат македонските автори и поети со акциент на претставување на млади и нови автори, наведуваат организаторите на настанот Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“..


Десеттата поетска епизода ќе ја модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова.

Настанот се организира со поддршка и во соработка со кафе-книжарницата „Буква“. вг/нд/


Фото: Култура Бета

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …