На 86-годишна возраст почина омилениот актер од комедиите, Фред Вилард.
Фред одиграл бројни улоги во текот на својата богата кариера, а тој е најпознат на локалната публика по неговите улоги во серијалот „Сите се луди за Рејмонд“ и „Модерно семејство“.
Веста ја потврдила неговата ќерка Хоуп Мулбаргер за списанието People.
“Татко ми почина мирно синоќа на фантастична возраст од 86 година. Тој беше активен, продолжи да работи и да нè радува до крајот. Ние многу го сакавме”, рекла таа.
Актерката Џејми Ли Кертис исто така се збогувала со актерот преку социјалните медиуми.
“Збогум на г-дин Фред Вилард. Колку среќа што бевме во можност да бидеме сведоци на неговите одлични таленти. Ви благодариме што не смеевте додека стомакот не не заболи. Сега сте со вашата сакана Марија”, напишал таа.
Фред почина две години по смртта на неговата сопруга Марија. Тие биле во брак од 1968 година, а заедно имаат и ќерка.
Тага поради неговата смрт изрази и неговиот колега од модерното семејство Џеси Тајлер Фергусон.
“Одморете се во мир, драг Фред Вилард. Вие секогаш ќе бидете вистински оригинал и јас сум многу почестен што нашите животи се бкрстија. Никој нема да може дури и оддалеку да ја замени вашата генијалност”, напишал тој.