ПОЧИНАЛ НАЈБОГАТИОТ НАСЛЕДНИК НА ФИЛМСКАТА ИНДУСТРИЈА: Глумецот починал во 36. година – ПРИЧИНАТА за смртта не е објавена!

Тој глумел и во серијалите „Розен“, како и во филмовите „Гас до даска“ и „Нинџа од Беверли Хилс“. Неговата баба е добро познатата филантропка, Барбара Дејвис, додека негов дедо беше Марвин Дејвис, поранешниот сопственик на 20th Century Fox.
Актерот Џејсон Дејвис, најпознат по улогата на Мајки Блумберг, кој го „позајми“ својот глас во анимираната телевизиска серија „Recess“, починал во неделата на 36-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми. Причината за смртта сè уште не е позната.


„Со скршено срце ја споделувам најтажната вест во мојот живот. Мојот син Џејсон почина утрово во Лос Ангелес. Имаше злато срце со такод занес за животот и беше грижлива душа за сите што го познаваа“, пишуваше во изјавата неговата мајка, Ненси Дејвис.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …