Починал Мелесио од омилената мексиканска сапуница „Есмералда“

На 98-годишна возраст починал мексиканскиот актер Игнасио Лопез Тарсо, кој на нашите простори е најпознат по улогата на Мелесио во серијата „Есмералда“.
Актерката Летиција Калдерон, која ја глумеше Есмералда, се простила од него на својот профил на својот Инстаграм профил.

This image has an empty alt attribute; its file name is melisio-1.jpg
Небесата добија голема ѕвезда. Изгубивме одличен актер, маж, партнер, татко, дедо, пријател. Секогаш ќе се сеќавам како разговаравме и се смеевме со часови. Мојот Мелесио. Многу ќе ми недостига”, напишала Летиција.



Во својата 70-годишна кариера Игансио одиграл многубројни улоги, одреден период бил и член на Конгресот, а од него се простила и мексиканската министерка за култура Алехандра Фраусто, која истакнала дека оставил неизбришлива трага во својата земја.


Омилениот мексикански актер до крајот на животот беше активен во театарот и филмот.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …