Актерот Рој Дотрис, кој публиката ширум светот го памети по улогата во серијата “Игри на престолите”, но и по улогите во бројни серии и филмови, почина во својот дом во 94.тата година од животот.
Во последните моменти со него биле ќерките Карен, Мишел и Ивет, седумте внуци и едниот правнук. Неговата сопруга Кеј Дотрис починала во 2007. година.
Пред да стане актер, Рој служел во кралското воздухопловство и го преживеал логорот на воени заробеници во Германија. Потоа, работел на радио, во театар, на телевизија и филм. Добитник е на наградите за најдобар актер – Tony и BAFTA.
Меѓу истакнатите улоги кои Рој ги остварил се онаа која ја имал во филмот “Amadeus”, како и улогата на алхемичарот во “Игри на престолите”.
https://www.youtube.com/watch?v=bPchuBy9OtI