Ненадејно згасна еден од најубавите гласови на домашната музичка сцена, Ѓоко Дончев, кој важеше за еден од доајените на македонската народна музика.
На сцената беше активен повеќе од 25. години а со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика.
Во текот на неговата плодна музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.
Ѓоко Дончев е роден на 2.5.1949 година во Валандово, а почина во Скопје на 15.1.2021.
Освен како исклучителен во музиката, семејството, пријателите и колегите ќе го паметат како посебно харизматичен и ведар.
Погребот ќе се одржи на 17.1.2021, на градските гробишта во Бутел.