ПЕТЕЛ УБИЛ ПОЛИЦАЕЦ: Дошол да растури илегална борба на петли па настрадал!

На Филипините се случила бизарна несреќа кога петел убил полицаец.
Имено, во провинцијата Самар се случила нелегална борба со петел. Кога полицаецот Кристијан Болок пристигнал на местото на настанот, металното сечило на ногата на петелот му ја пресекла феморалната артерија.
„Ова е прв пат во последните 25. години да изгубам полицаец поради борба со петли“, рекол шефот на полициската администрација.


Болок бил пренесен во болница, но наскоро била констатирана смрт.
Борбата со петли е популарен спорт на Филипините, но е прогласен за незаконски за да се сузбие пандемијата на коронавирусите.
Уапсени се три лица поврзани со организација на борба со петли, а по три се трага. За време на рацијата биле одземени седум петли.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Руски астролог открил кој хороскопски знак ќе има среќа 20 години: „Ќе бидат како магнет за среќа во наредниот период“

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …