Лијам Пејн почина на 16 октомври на 31-годишна возраст откако падна од третиот кат од хотел во Буенос Аирес.
Пет лица, наводно, се обвинети за смртта на Лијам Пејн, пишува Mirror. Меѓу обвинетите е и пријателот на Лијам, Роџер Норес, а на две лица им е одреден притвор поради смртта на пејачот и им е кажано да се појават на суд во рок од 24 работни часа. Според аргентинскиот весник Infobae, меѓу обвинетите има и членови на персоналот на хотелот CasaSur Palermo.
Пријателот на Лијам, Роџер, кој рекол дека тој го напуштил хотелот околу еден час пред пејачот да падне во смрт, наводно е обвинет за убиство од небрежност и наводно му е забрането да ја напушти земјата.
Келнерот Брајан Нахуел Паиз (24) и Езекиел Дејвид Переира (21) се обвинети дека му продавале дрога на Лиам. Кривичното дело предвидува максимална казна затвор од 15 години.
Пријателот на Лијам, Норес, кој во последно време бил постојано со него, остро ги демантирал тврдењата дека го напуштил својот пријател пред да падне од балконот на третиот кат, откако наводно се однесувал „непредвидливо“ во лобито на хотелот.
– Никогаш не го напуштив Лиам, тој ден три пати отидов во неговиот хотел и заминав 40 минути пред да се случи ова. Во лобито на хотелот имаше преку 15 луѓе кои разговараа и се шегуваа со него кога заминав. Никогаш не можев да замислам дека ќе се случи вакво нешто.
Инаку, Лиам Пејн, кој светската слава ја стекна како член на бој-бендот „One Direction“, почина на 16 октомври на 31-годишна возраст откако падна од балкон на третиот кат во хотел во Буенос Аирес.
Фото: Архива