Ненад Милосављевиќ е роден на 29 декември 1941 година во Прилеп. Тој е наш истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец.
Дипломирал на театарска академија во Белград во 1967 година. Член на Драмски театар – Скопје од 1968 година.
Добитник е на наградата за епизодна улога на театарските игри “Војдан Чернодрински” во Прилеп, добитник е и на наградата за најдобра епизодна улога на Стериионото Позорје.
Во продолжение е само мал дел од богатата филмографија на Милосављевиќ. Најпрепознатлив е по улогите во: Време, води, Колнати сме, Ирина, Златна петорка, Македонски народни приказни, Црно семе, Досие-К, Од зад грб.
Среќен роденден Ненад ти посакува редакцијата на Екран.