Деновиве од печат излезе првата поетска книга:
,, ПАРЧИЊА ОД СЕБЕСИ ” од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска.
За она што се сака, што ранува и лекува, што се носи длабоко во душата Викторија Стојовска раскажува во поетско дело ПАРЧИЊА ОД СЕБЕСИ, дело кое е склоп на прозни дела, кратки дијалози и кратки приказни инспирирани од реалноста.
Делото е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани” и е носител на наградата „Душата на чаршијата”, на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој” од Битола.
Книгата и настаните кои таа ги содржи се напишани низ подолг временски период, а секој расказ е посебен и носи своја приказна и поука, иако се неповрзани и различни во едно нешто се слични: да допрат до сечие срце.
Ви посакуваме да уживате во читањето на ова прозно дело напишано со чиста искреност и емоција, во кое со сигурност ќе се пронајде секој од вас.
Делото наскоро ќе биде и промовирано.
Како да дојдете до примерок?
Моментално книгата може да се порача директно преку самата авторка на некој од нејзините онлајн профили.
Или на нејзината меил адреса:
Кратка биографија за авторката
Викторија Стојовска доаѓа од Кичево.
Активно твори седум години, зад себе има голем опус на литературно творештво, учества на повеќе литературни манифестации и освоени награди.
Во 2020 година го отвора својот литературен блог и активно го одржува до денес, на него може да прочитате повеќе за творештвото од авторката: viktorijastojovskaa.wordpress.com