Покрај зеленчукот, и овошјето треба да биде вклучено во нашето мени, а подолу можете да прочитате кои плодови се идеални за убавина.
Лубеница
„Лубеницата со средна големина содржи околу 92. проценти вода, па затоа е одлична опција кога станува збор за хидратација“, вели Елизабет Бејл од EB Nurition. Водата е важен дел од функционирањето на организмот и сочинува 60. проценти од нашето тело и игра голема улога во скоро секој организам. Лубеницата ја хидрира кожата и ги намалува брчките.
Цреши
Со конзумирање на цреши на природен начин, му помагате на телото да има повеќе енергија. Повеќето калории во ова овошје доаѓаат од природните шеќери во нив, кои го подобруваат вашето расположение и го подигаат нивото на енергија. Затоа, следниот пат кога ќе почувствувате опаѓање на вашата енергија во текот на денот, што е толку често на високи температури, посегнете по неколку цреши и веднаш ќе се чувствувате подобро. Црешите содржат голема количина на витамин Ц и цинк, кои се многу важни за отпорност на организмот. потоа фолна киселина за здраво срце и крвоток, калциум за коски и железо за крв. Сепак, највредни се растителните пигменти, таканаречените антоцијанидини кои се наоѓаат во црешите. Тие го зајакнуваат сврзното ткиво и спречуваат формирање на брчки со уништување на штетни ензими кои ја прават кожата стара и збрчкана.
Кајсии
Содржат витамини од групата Б, пред се Б2 и Б3, кои учествуваат во различни метаболички процеси, а со редовно внесување го потиснуваат целулитот, бидејќи содржат многу витамин Ц.Предноста на ова овошје е нивната способност да го регулираат варењето, запек…